На денешното рочиште за случајот “Рекет” беше прочитана комуникација помеѓу Бојан Јовановски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Јовановски и ги испраќа овие пораки на неговата мајка на 16 април, неколку дена пред случајот да биде пријавен, а претпоставката е дека истиот ден била и комуникацијата меѓу Заев и Боки 13.
Најпрвин Јовановски му испраќа на Заев со следната содржина:
“Никогаш не сум го злоупотребил твоето име, од секогаш сум ве почитувал. Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите, му пишува Боки 13 на Заев.
Тогашниот премиер пак му враќа:
“Сум се борел храбро, јас сум претседател на Влада и должен сум да го заштитам владеењето на правото. Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен, за да јас напишам таков одговор. Извини, но грозно е!”
Потоа Јовановски пак му пишува:
“Ви кажувам и тврдам, уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име”, се правдал Јовановски.
Заев, пак, повторно му враќа налутено:
“Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет! Моја должност е да постапам”, завршува Заев.
В.В.