Заев му пиша на Санчез: Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол

by fokus

Претседателот на СДСМ Зоран Заев му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска во вториот обид успеа да добие мнозинство за да формира Влада.

-Честитки @sanchezcastejon за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа, напиша Заев на својот Твитер налог.

-Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО, додаде Заев.

Поврзани новости