Заев: Може да се размисли за одложување на пописот, но ајде да бидеме одговорни и да го спроведеме

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, по новинарско прашање за предлогот на претседателот Стево Пендаровски за тоа да се одложи пописот, истакна дека тој е спремен за одложување.

„Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, посочи Заев.

Тој додава дека пописот е согласно сите стандарди на Евростат и сите меѓународни стандарди на попис.

Поврзани новости