Заев: Мицкоски виде дека нема шанси за амнестија, одлучи да остане на мрачната страна на историјата

by fokus

Премиерот Зоран Заев во изјавата по завршување на денешната лидерска средба не го штедеше опозицискиот лидер Христијан Мицкоски и рече дека тој  „лаже дека сака Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, лаже дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум“.

После денешната трета лидерска средба, се стана јасно. Христијан Мицкоски срамно лаже кога тврди дека ова на раководство на ВМРО ДПМНЕ му биле важни изборот на Државната изборна комисија со двотретинско мнозинство, техничката влада за следните избори или законот за финансирање на политичките партии. Откако виде дека не постои минимум шанса да зборуваме за директна или индиректна амнестија, денес беше принуден декларативно да се откаже од неговата срамна цел, по секоја цена да издејствува спас за неговите ментори и колеги. Мицкоски денеска разговараше без намера да се договори. Мицкоски одби да се откаже од својата намера со бојкот да ги уништи европските и НАТО перспетивите на граѓаните. Јавноста нека биде спокојна, тргнуваме силно, како никогаш порано одлучни и решителни, Македонија да успее. Ќе победи волјата на граѓаните, рече Заев.

Поврзани новости