691
Несериозно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ за преземените антикризни мерки да не споредуваат со Германија и Шведска, рече престедателот на СДСМ Зоран Заев на Алсат телевизија.
-Ние сме земја во развој, а ниту Германија, ниту Шведска немаа 11 години цунами од ВМРО-ДПМНЕ како ние. Може ќе имаше повеќе пари ако не се потрошеа милијардите на споменици, жални врби, на музеи и слично. Колку маски ќе купевме за сите жални врби, за сите лавови, златни огради по мостовите, колку болници ќе изградевме – нагласи Заев.
Тој додаде дека Белата палата е двојно поголема од Инфективната клиника.
-Мицкоски од таму зборува Филипче да си оди и да биде добар доктор. Нека оди Мицкоски да биде професор, каде е примен со ургенции на татко му. Ништо не знае ни од енергетика, ни од економија – рече Заев.