643
Премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и првиот човек на ДУИ Али Ахмети во сабота ќе одржат меѓусебни средби, на кои ќе разговараат за новата техничка влада.
Според неофицијални информации, првично Заев и Мицкоски ќе остварат средба во владата во 17 часот, а потоа, односно во 19.30 часот, Мицкоски ќе се состане и со Ахмети на засега непозната локација.
Политичките лидери на овие средби ќе разговараат за новата техничка влада, која ќе треба да се формира согласно Пржинскиот договор 90 дена пред договорениот термин за предвремени парламентарни избори – 12 април.