Заев: Мицкоски губи затоа што се обраќа само до една заедница

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека доколку сака поддршка од сите граѓани треба да се обрати до сите заедници, а не само кон една.

Заев ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

– Да продолжиме сите да се враќаме кон граѓаните, се надевам и тој, еднакво за сите. Кога тоа г. Мицковски ќе го прави и ќе настапува во една мултиетничка и мултирелигиска држава тогаш може да очекува поддршка од сите подеднакво. Кога се обраќате само кон една заедница, тогаш може да очекувате поддршка само од таа заедница. Еве изборите се пред нас, а поради тој национализам којшто го имаат во една мултиетничка земја, навистина ќе биде причина за следниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Заев во Јегуновце каде што заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот Дарко Блажески присуствуваа на пуштање во употреба на спортската сала во ООУ „Александар Здравковски”..

Тој истакна дека на 17 октомври граѓаните ќе кажат што е најдобро за нив, искажувајќи уверување дека коалицијата на СДСМ ќе биде победник на овие избори.

СДСМ, како што кажа Заев, на крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе објави нови кандидати за градоначалници. Одлуките ќе бидат донесени најдоцна до вторник 24 август.

Во владејачката партија, според него, се чекуваат да пристигнат уште четири анкети по што ќе се знаат кандидатите.

Поврзани новости