Заев: Мицкоски е збунет, неодговорен и незрел политичар!

by fokus

Лидерот на СДСМ, премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција обвини за неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, односно за предвремено почнување на изборната кампања, а лидерот Христијан Мицкоски го обвини за непочитување на мерките за заштита од корона вирусот.

-Мицкоски може да нуди само враќање на режимот. Се уште се заглавени во своето режимско минато од кое ниту сакаат да излезат. Партијата е водена од збунет и неодговорен и незрел политичар, чие однесување е опасност за државата. Нивното антидржавно однесување беше обележје во изминатите три години. Последен доказ е предвременото започнување на кампања на ВМРО-ДПМНе, бидејќи активистите викендот јавно делеа предизборен материјал, за што ќе добијат соодветни пријави, обвини Заев.

Тој го обвини и Мицкоски за непочитување на мерките за заштита од корона вирусот.

-Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа во одбрана на партиското профитерство, рече Заев.

Поврзани новости