480
Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на поставено новинарско прашање одговори дека Власта сериозно ќе размисли за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
-Мицкоски бара избори, но се моли Власта тоа да не го прифати, рече Заев.
Премиерот додаде дека ова прашање ќе биде отворено во партијата и штом ќе има одлука истата ќе биде соопштена.