-Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.
Премиерот Заев истакна дека тоа е шанса која не треба да биде пропуштена и дека интензивниот ангажман на вклучените страни создава можности за остварување на заедничката цел – одржување на меѓувладината конференција за почеток на преговорите.
На интересот за ситуацијата со КОВИД-19 во нашата земја, премиерот Заев информираше дека сите капацитети на државата се ангажирани во справувањето со пандемијата и се заблагодари за помошта од СР Германија и од ЕУ, за медицинскиот и заштитен материјал, како и за финансиската поддршка која ја покажува солидарноста на ЕУ со земјите од регионот и со Западен Балкан во целина, велат од Владата.