579
На прашањето што го боли најмногу од Договорот со Грција, премиерот Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека тоа е промената на Уставот со цел промена на уставното име, но дека тоа било неизбежно за постигнување решение.
-Моравме да прифатиме промена на Уставот за промена на уставното име. Се уште во нашиот јужен сосед имаме бели листови на граница, имавме нападнати граѓани таму. Ете и тужбата во Хаг ја добивме и повторно евроинтеграциите не беа откочени. Мораше да се преземе овој чекор, рече Заев.