Аргументите и фактите што ги поседуваме се добиени од службите во Македонија, од патриоти блиски до актуелната власт кои си ја сакаат сопствената земја, кои до нас ги доставија затоа што не веруваат во судскиот систем под целосна контрола на власта.
Како што соопштија од СДСМ, ова го рекол партискиот лидер Зоран Заев на средбата со заменик – помошникот државен секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент, Томас Мелиа, како и со вршителот на должноста амбасадор на САД Барт Путнеј.
– Не може да биде обид за државен удар објавување на докази и аргументи за криминал на власта. И по Устав и по Закон тоа е должност на секој што добил такви докази да ги објави и ние имаме обврска и пред граѓаните се што имаме да објавиме. И ќе објавиме – дециден бил Заев.