Заев: Македонските војници го отвораат патот кон НАТО

by fokus

Премиерот Зоран Заев на армискиот полигон Криволак, во рамките на денот за високите гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“, изјави дека македонските војници го отвораат патот кон полноправно членство на земјата во НАТО. Тој изрази и задоволство што вежбата се случува пред посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на регионот.

Заев со Пенс ќе разговара за идните планови и ќе побара поддршка од САД како и од другите земји членки на НАТО за Македонија да добие полноправно членство во Алијансата.

Според него, вежбите испраќаат многу вредна порака, а тоа е порака на соработка во обезбедувањето на севкупниот мир во светот и слободата за сите граѓани во светот.

Поврзани новости