Заев: Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приорити

by Fokus

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во 11 часот го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.

-Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. На изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма. Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приоритети. Денеска како мандатор доставив предлог за влада која е подготвена да сработи во полн 4 годишен мандат. Со мене се 19 министри и министерки со кои се обврзуваме дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

Тој најави програма за работа и посветеност на сте политички партии од коалицијата за борба против корупцијата, прочистување на правосудството и потекло на имот на сите функционери.

-Сите сме согласни посветено да работи на реализација на договорите со Грција и Бугарија, како и на Рамковниот договор, кој е темел на заедничкото живеење во мир. Имајќи го предвид периодот со ковид-19 ќе се посветиме со инвестиции во јавното здравство, како еден од столбовите е и борбата против загадувањето со суштински политики и инклузивен процес. Тука најмногу сте потребни вие граѓаните. Ова се принципите и вредностите од кои ќе се води новата влада. Предлагам одговорни професионални и отчени кадри со конкретна мисија и цели и кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација на нашата земја. Очекувам Џафери да даде доволно време за пратениците да се запознаат со програмата и биографијата на предложените кандидати, рече Заев.

Поврзани новости