Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, зборуваше за реализираните промени, кои ги ветила владејачката гарнитура. Тој вети подобри економски политики во иднина и подобра живеачка на сите граѓани на Македонија
„Ветивме промени и реализиравме промени, за модерен политички систем. Направивме сериозен исчекор во надворешната политика, го постигнавме Договорот со Бугарија. Сето тоа мора да има рефлексии врз економијата. МАкедонија да доведовме во помирно море. Сега е време да се испорачуваат економските резултати. Моја должност е да работам посветено, да се подобри живеачката на сите граѓани. Пред нас е економска година. Со буџетските промени, најавуваме пресвртница во економските политики. Фискалната политика на Македонија за 2019 е во функција на обезбедување раст на македонската економија. Просечната плата ќе продолжи да расте. Вкупните расходи на буџетот за 2019 година се во функција на функционална одржливост а четири столба на буџетот“, истакна Заев.