366
Премиерот Зоран Заев, за одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да стави вето на Законот за јазиците рече дека се што е донесено во Законот во насока на унапредување на јазиците е согласно Амандманот 5 од Уставот на РМ.
– Вредно е да се заложиме за едно опшество за сите, Македонија е мајка на сите граѓани, треба да подадеме рака, да имаме доверба во институциите. Доколку нешто не е согласно Уставот, постои Уставен суд, ќе се произнесе со мислење и Венецијанската комисија. Треба да внимаваме и со пораките сите затоа што треба и ова политичко прашање прашање да спласне за да се посветиме за подобар живот и перспактиви за сите, нагласи тој.