Премиерот, Зоран Заев, ги осуди протестите кои се одвиваат веќе неколку денови пред домовите на пратениците од СДСМ, по изгласување на Законот за употреба на јазиците.
-Ова што се случува последниве денови побудува внатрешна реакција кај мене која должен сум ја да споделам со јавноста. Протестот е уставно право и тоа право треба да се ползува. Но тоа што се прави пред домовите, пред дечињата на пратениците, пред членовите на нивните семејства и нивните родители апсолутно е недозволиво затоа што е кршење на приватноста на домот, директни закани се упатуваат, омаловажување и целосно сеење страв и трепет кај дечињата. Ние нема да дозволиме тоа да продолжи, МВР презема дејствија, овде има неколку кривични дела. Сакам да знаат сите дека дечињата на пратениците лично јас и се што постои околу мене ќе ги заштитам – рече Заев по денешното рочиште за предметот „Поткуп“.