Заев: Лага е дека ќе се градат бегалски кампови во Македонија

by fokus

На бегалците Македонија не им е крајна дестинација, тие само транзитираат низ неа. Ниту некој побарал, ниту Македонија планира да гради кампови за бегалци. Тоа е апсолутна невистина и голема лага, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, за жал, некој се повеќе ја злоупотребува таквата наводна информација. Точно е, Македонија продолжува заедно со земјите членки на ЕУ да ги координира акциите и е прва земја што прима бегалци од Грција, но и во најкритичните моменти како што беше во 2015 и 2016 година целиот процес се менаџираше заедно со земјите од ЕУ.

Граѓаните кои транзитираат низ Македонија, напомена Заев, имаат право, согласно меѓународните конвенции и закони, да побараат азил.

-Во ваквите постапки Центарот за згрижување на граѓаните од ромската заедница има можност и механизам да го менаџира процесот на згрижување на тие луѓе додека се води постапката за азил, објасни премиерот.

Поврзани новости