Заев куртоазно се поздравил со Орбан, но не го прашал за екстрадицијата на Груевски

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, по Самитот на шефовите на влади на земјите членки на Централно Европската Иницијатива, даде изјава за медиуми од Македонија и од регионот.

Во изјавата премиерот Заев, го оцени Самитот, како добра можност што ја даваат овој вид состаноци за Македонија да го повтори своето очекување за поддршка од земјите пријатели, за членство на нашата држава во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

„Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО. Македонија се истакнува во позитивно светло во градењето пријателство, добрососедските односи, реформите и очекувањата се дека преку Македонија ќе продолжи проширувањето“ рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, во одговорите на новинарските прашања рече дека при посетата на Загреб не се оствари средба со унгарскиот премиер Орбан кој вчера присуствувал на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ со присутните шефови на делегациите на Самитот, но дека куртоазно се поздравил со него.

„Се надевам во следна прилика ќе можеме директно, билатерално, да ги испорачаме нашите барања дека азилот е неоснован за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Република Македонија“ рече премиерот Заев.

 

Поврзани новости