Премиерот, Зоран Заев, коментирајќи ги пресудите до сега донесени против поранешни функционери рече дека се надева оти наскоро ќе почне издржувањето на казната која и е пресудена на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во предметот „Тенк“.
Во овој контекст тој изрази разочарување што некои судски случаи се вратија на почеток.
-Криво ми е што предметите се враќаат повторно на почеток поради поротник или судија. По две години да се врати предмет од почеток предизвикува чувство горчина кај мене. Тоа не е во ред и кога тогаш некој ќе мора да сноси одговорност. На тој начин може предмети да застарат, да се игра топло ладно меѓу одбраната и обвинителството. Нашиот народ очекува правдата да биде задоволена со судски пресуди, да бидат затворени овие случаи. Секој треба да си понесе одговорност, секоја судска пресуда ја испраќа пораката да не се повторно никогаш повеќе кршењето на законите – рече Заев.