Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 5 рече дека подарувањето на вратоврската на неговиот грчки колега Ципрас по потпишувањето на договорот било спонтано, а го направил за да покаже дека сака да помогне Грција што побрзо да излезе од економската криза.
-Во Давос бев без кравата кога го пречекав Цирпас на првата средба. Првото поздравување му реков еве јас те чекам без кравата, првиот чекор го направив, сега е ред на вас. Ципрас има изјавено дека тој нема да стави кравата додека не ја извади Грција од економската криза. Тоа не беше дел од сценарио, јас ја извадив кравата и му ја поклонив за да брзо Грција се справи со економската криза, ако немате кравата еве ние ќе ви помогнеме. Јас верувам дека економски стабилен сосед е добро и за нас, рече Заев.