512
Премиерот Зоран Заев на деншната собраниска расправа го бранеше својот предлог Нина Ангеловска да биде министерка за финансии. Тој жестоко одговори на обвинувањата на Влатко Ѓорчев дека Ангеловска нема знаење за таа позиција.
-Држите некои предавања тука, 20 години државата ве плаќа да паламудите тука и да мешетарите и да испорачувате малверзации. Имате човек за 8 години засукал ркавите, дава плати. Дава плати! А вие две децении чекате плати од државата за да можете да држите овде некои лекции демотивирачки за сите други млади луѓе во државата, му врати Заев на Ѓорчев.