Заев: Комитите признаа дека добивале пари од руски бизнисмени

by fokus

Премиерот Зоран Заев, ја појасни претходно дадената изјава во интервју за BuzzFeed News дека про-руски бизнисмени финансирале насилни протести во Македонија.

Според него тие средства се влевале во навивачката група Комити.

-Зборувам врз основа на извештаите што ги добивам. Тие млади момчиња од навивачката група „Комити“ кога нападнаа полициски службеници, беа повикани на исказ па споменува бизнисмени од Русија дека давале пари. Јас само ќе повторамдека Македонија е мала земја и сакаме да градиме пријателсва со сите, вклучително и Руската федерација. Значи нема алтернатива за Македонија освен полноправно членство во НАТО и ЕУ. Сепак ќе бидеме со доза внимание, нема да дозволиме да се прекршат меѓународни договори, дигнитетот на државата е многу важен – изјави денеска Заев.

На новинарско прашање за барањето на опозицијата да има предвремени парламентарни избори, Заев рече дека сите опции се отворени.

-Вредно е за внимание опозицијата кога бара предвремени избори, знам затоа што сум бил опозиција. Зависи од референдумот, да успее процесот, да го постигнеме цензусот, па ќе видиме, сите опции се отворени, па и ова – рече тој.

Поврзани новости