Заев: Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ги потврди очекувањата дека кинеските вакцини на компанијата „Синофарм“ ќе стигнат до крајот на месецов. Според плановите од Кина треба да купиме 200.000 вакцини.

-Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот, до крајот на идната недела. Денеска е прв работен ден после Кинеската нова година, нашата амбасада и кинеската амбасада тука, како и компаниите што помагаат со „Синофарм“, мислам дека денеска ги прават првите чекори. Знаете дека парите се платени од нашата држава, сето тоа ги отвори следните чекори околу транспортот, патувањето, осигурувањето, гаранциите што мора да се обезбедат. Верувам дека следните денови ќе имаме сериозен интензитет за да ги додржиме датумите до крајот на месецот, изјави Заев.

Поврзани новости