672
Премиерот, Зоран Заев, се обрати на комеморативната седница која се одржа денеска во Општина Гостивар по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера во близина на селото Ласкарци, каде загинаа 14 лица. Во своето обраќање тој се заложи дека ќе стори се за да бидат расветлени причините за несреќата.
-Тагата е заедничка, зборовите за утеха тешко се наоѓаат. Свесен дека зборовите не можат да допрат до душата која жали, дојдов да ви кажам дека загубата е ненадоместлива, но не сте сами, духовно сме со вас, а ќе бидеме со вас и во идинна. Имаме обврска да им помогнеме на семејствата, лично ќе се зложам и верувам дека ќе сториме се за да ги расветлиме причините за несреќата – рече Заев.