860
Премиерот Зоран Заев го одби повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ-дуел.
-Пет пати сум прифатил дуел, а сега причината е Бугарија. Треба да посветиме време на поконкретни работи. Сите знаат во што е суштината на проблемот, цела Европа заедно со САД знае. Ќе прифатам кога ќе има суштина за ТВ-дуел – рече Заев.
Според премиерот, само на Мицкоски му треба декларација за македонскиот јазик и македонскиот народ.
-Ме обвинува дека правам предавствво. Па тогаш досега требаше ветото да биде тргнато – рече Заев.