Заев ќе поднесе оставка следната недела

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела.

Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, а првиот успех на Владата да е одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24 кој вечерва во седиштето на СДСМ и формално му ја предаде лидерската фуннција на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.

Во однос на бугарското вето, Заев не губи надеж дека новата бугарска влада ќе ги даде позитивните реакции.

Соопшти дека со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков разговарале дека не подоцна од шест месеци прашањето треба да се реши и се согласиле дека треба да се формираат работни групи за енергетика, инфраструктура, економија, култура, здравство за, како што кажа, да можат да создаваат амбиент да се надминат проблемите.

 

Поврзани новости