Заев: Ќе победиме по сите основи

by fokus

На претстојните локални избори, ќе победиме по сите основи по кои се мери победата, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда, рече премиерот Зоран Заев на ТВ Шења.

-Верувам по сите основи на којшто ќе се мери победа. А тоа е вкупен број на гласови, вкупен број градоначалници, вкупен број советнички места во државата вклучително и Град Скопје. Тоа се според мене критериумите за победа. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите овие четири основи за да прогласиме победа – рече Заев.

Тој додаде дека сите анкети, вклучително и тие што ги прави ВМРО–ДПМНЕ, покажуваат преку 10 отсто поголема разлика во полза на СДСМ.

Поврзани новости