Заев ќе одлучи дали ќе ме смени од министерската позиција, вели Спасовски

by fokus

СДСМ на вчерашниот Централен одбор донесе одлични одлуки и очекувам да се одржи нов Централен одбор на кој ќе се екипира новото раководство, изјави денеска во Куманово министерот за внатршени работи Оливер Спасовски кој вчера беше разрешен од функцијата потпретседател на партијата заедно со останатите петмина потпретседатели.

Одговарајќи на прашање дали повторно ќе се кандидира за потпретседател, Спасовски истакна дека тоа е одлука на претседателот на партијата.

-Тоа е одлука на претседателот на партијата кој ги предлага функционерите, но тоа воопшто не е важно. Важно е дека сите ние се согласивме дека мораме да ги промениме, да ги подобриме, да ја заајакнеме структурата на партијата. Знаете ова ретко го прави партија која што е на власт и која што ги добила изборите. Ние веднаш по добивањето на претседателските избори пристапивме кон анализа и кон подготовка за победа на следните парламентарени избори, изјави Спасовски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Куманово, каде заедно со министите за транспорт и врски Горан Сугарески и за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, со директорот на државни патишта и претставници на локалните власти, извршија увид во реконструкција на патот Куманово-Опае.

Запрашан за евентуални промени во Владата, и дали разговарале со премиерот на таа тема, вицепремиерот и министер за внатрешни работи истакна дека тоа е во исклучива надлежност на премиерот.

-Тоа е исклучива надлежност на премиерот на Владата и за составувањето и за какви било промени. Јас очекувам во наредните денови, како што и најави премиерот да излезе со конкретен предлог, рече Спасовски и повтори дека остава на премиерот да одлучи.

Поврзани новости