406
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека во 14 часот ќе даде изјава за медиумите. Поводот е неуспехот на Никола Груевски да обезбеди мнозинство и да формира влада во законскиот рок кој го имаше како мандатар.
Откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се договори за коалција со ДУИ, од партијата на Никола Груевски побараа одржување на нови избори. Сега СДСМ треба да се произнесе за нивниот став.