Заев: Ќе бидеме транспарентни и ќе ги почитуваме новинарите

by fokus

Работата на Државната изборна комисија и Управниот суд беше формална за утврдување на фактите и вистината, меѓутоа таа не влијае на резултатот од изборите, ако се земе предвид волјата на над 600.000 граѓани, изјави денеска Зоран Заев пред Собранието одбележувајќи го 24 декември – црниот понеделник.

Заев порача дека новиот парламентарен состав ќе ја почитува пред се новинарската фела и ќе ја штити волјата на огромното мнозинство. Воедно тој најави дека ќе бидат целосно транспарентни и кога ќе се носи буџетот на РМ премиерот и министерот за финансии ќе дебатираат јавно со опозицијата на Македонската радиотелевизија, а нема да се крие јавниот долг на државата од јавноста.

Тој повика, на прегласувањето в недела на гласачкото место во Теарце партиите да се воздржат од интервенции, а граѓаните да излезат и да гласаат по свое убедување.

Поврзани новости