952
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека ниту Македонија, ниту никој во Европа не е имун на проблемот со радикализација и тероризам.
-Знаете дека ние имавме една успешна акција пред месец ипол, каде луѓето што излегле од затвор продолжиле со вакви активности. Беше пронајдено оружје и елеци за самоубиствени напади. Тоа покажува дека казната затвор дефинитнино не го решава тој проблем на радикализација и мора да се работи на ова. Мора да се работи на ресоцијализација и реинтеграција. Ниту ние, ниту никој не е имун. Размената на информации со ЕУ земјите дефинитно ни помага навреме да реагираме, вели Заев.