Претедателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја посети „Дива населба“ во Куманово и жителите чии куќи беа уништени во жестоките престрелки. Тој изрази сочувувство за загинатите бранители и за граѓаните кои поминаа низ трауми изминативе два дена.
Лидерот на опозицијата рече дека е дојден во Куманово и уште од една причина.
-За уште еднаш да ги отвориме дилемите, како тоа тие криминални групи дојдоа во нашата земја и допреа овде во срцето на Куманово, кадешто живее цивилно мирољубиво население, народ кој што се бори да го подобри квалитетот на својот живот, рече Заев.
Тој им се заблагодари на сите граѓани, до општината Куманово и до безбедносните сили коишто водеа грижа за цивилното население.
-Граѓаните зборуваа денеска со нас и ни кажуваа дека полициските сили се однесувале многу внимателно и коректно со граѓаните. Навистина штетата мора да се поправи, на она што е материјална штета. Знам дека душевната болка, чувствата и траумите низ којшто поминаа нашите сограѓани овој ден додека се случуваа борбените дејствија никој не може да им ги надомести, рече Заев.