На денешната трибина организирана како дел од проектот „Визијата за Македонија“, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, истакна дека неговата партија заедно со граѓаните гради платформа со која што, тврди тој, состојбите во Македонија може да се променат во секое поле, така и во здравствената заштита.
-Имаме намера да ја укинеме партиципацијата за децата до 16 години, а секако, да ја укинеме партиципацијата и за социјално загрозените личности во нашата земја. Истовремено, мора да го подигнеме квалитетот на работа на лекарите и во делот на условите и во делот на финансиските приходи коишто лекарите како причина ги издвојуваат за нивното заминување од Македонија, рече Заев.
Тој нагласи дека здравството во Македонија се повеќе тоне, а има недостаток од лекарски кадар, опрема и медицински материјали.
-Граѓаните сé повеќе плаќаат во оваа наша земја, а добиваат сé помалку и сé полоши услуги. 630 милиони евра се потрошени за споменици, а според европската здравствена служба, Македонија е најлоша во здравствената заштита во цела Европа, рече Заев.