492
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за Плусинфо вели дека во периодот кој претстои јавноста ќе биде запознаена со сите афери кои се дело на актуелната власт.
– Изминатиот период не само ние, туку и јавноста сфати дека за секоја афера која беше обелоденета од наша страна, беа „преработени“ од партизираниот државен апарат и непроцесуирани. Се надевам дека во следниот период тие ќе бидат јавно објавени согласно условите – нагласува Заев.
Според негo, во 2015 ќе биде исклучително тешка година за Македонија во демократски поглед.
– Ниту има демократија, ниту има слобода. Македонија се повеќе ќе биде партизирана, а демократијата уште повеќе уназадена – вели лидерот на СДСМ.