681
Во јавната администрација недостасува квалификувана работна сила, посочи денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој додаде дека претстои голема работа во наредниот период во однос на овој проблем.
„Знаеме дека јавната администрација кубури со квалификувана работна сила. Треба да се изрази политика на севкупна департизација во земјата на администрацијата, која боде очи. Има уште многу да работиме во нашата земја“, порача Заев.