Со целиот владин кабинет, заедно со господинот Иванов, констатиравме потреба од соработка, изјави премиерот Зоран Заев коментирајќи ја денешната средба со претседателот Иванов.
-Јас знам дека ќе ми треба соработка со претседателот на државата. Истовремено, тој и неговиот кабинет знае дека ќе треба соработка со Владата, заради тоа што постоиме и ги извршуваме функциите во интерес на граѓаните и државата. Искрено се надевам на соработка, ќе направиме се оваа соработка да биде на највисоко можно ниво, заради тоа што од таквата соработка интерес имаат граѓаните. Ако ја нема соработката, на крајот тоа ќе го чувствуваат и граѓаните. Јас сум за соработка со сите. Како што гледате, ја повикав и опозицијата на соработка. Верувам дека на Македонија ѝ треба оптимизам, ѝ требаат позитивни пораки, за да тргне процесот кој ќе донесе живот за сите, изјави Заев.
Тој додаде дека Емил Димитриев му рекол дека состојбата во буџетот е стабилна, дека не е блескава, ама не е ни драматична.