Заев: Јас сум лут и разочаран!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција не го криеше разочарувањето од недобивањето датум за почеток на преговори на Македонија.

Тој се заблагодари и на сите европски лидери кои се залагале за нашата држава.

„ЕУ не го испорача тоа што го вети. Ние ги решивме споровите со соседите, а тие не останаа на зборот. Тоа е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери, ние направивме се што требаше. Сакам јавно да се заблагодарам на мнозинството лидери кои се бореа за нас, знаеме дека во иднина можеме да сметаме на нив. Ние сме жртви на историска грешка на ЕУ. Јас сум разочаран и лут и знам дека целиот наш народ се чувствува така. За мене ова неисполнето ветување е неправедна постапка на ЕУ. Тоа е одлука на Европската Унија заради нивни внатрешни работи и не можевме да ја промениме. Ние и тоа како сме одговорни за сопствените одлуки“, рече Заев.

Поврзани новости