Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во емисијата Трилинг на ТВ 24 рече дека тој сака целосно признавање од страната на Бугарија, без притоа да се оспоруваат корените.
-Не верував дека ќе дојде до вето. Иако јас прв го известив народот, дека и тоа е опција. Правевме максимални напори. Кога требаше да се организира првата меѓународна конференција се случи овој неразумен, нерационален чекор од Бугарија. Прво бараат посериозна имплементација на Договорот, а тоа и ние го бараме. Двете страни посериозно да си ги преземат обврските. И тоа е акцискиот план, овие денови се усогласуваат ставовите и верувам деновиве тоа ќе се усогласи. Бугарија вели ние ја признаваме постоењето на македонската нација и јазик. и потоа велат да разговараме за историјата. Историјата треба да им ја оставиме на Комисијата. Јас сакам целосно признавање, чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик. А, не велат реалноста ја признаваме, ама да разговараме за корените, вели Заев.