461
„Сакам да знаете, јас не сум како Груевски. Јас не дигам телефони на судии. Судиите пополека се одважуваат. Со реформите во судството, независно судство ќе носи пресуди. Ви ветувам правда во Македонија ќе има, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот митинг во Кичево.
– Секој што се огрешил ќе одговара. Тој што нема докази и не е виновен нема да одговара. Но преку независно судство ќе се одговара и правда ќе има. Тоа е моето најсилно ветување, оти ако не одговараат луѓето околу мене ќе станат исти. Тоа го знам, го знаете и вие. Ако сакаме да не се повтори никогаш повеќе, мора да има одговорност во Македонија. Така ќе биде, зборот го давам и зборот е збор – истакна Заев.