Јас лично ѝ се јавив на полициската службеничка Виолета со прекрасен глас, не ја познавам, откако после полноќ ми се јави наш државјанин од турска националност, бидејќи таква е одлуката на Владата, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тој се јавил на Граничниот премин Деве Баир да бидат пропуштени пет возила во 1 часот по полноќ, за време на полициски час.
Заев објасни дека возилата веќе биле влезени на територијата на земјава и не можеле да мрднат, биле со деца, па преку граѓанинот кој му се јавил се слушнал со полициската службеничка да им биде одобрено да бидат пропуштени откако се исконсултирал за одлуката на Владата дали овие возила треба да се пропуштаат за време на полициски час.
Тој објаснува дека според одлуката на Владата за ограничување на движењето, сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.