939
Зоран Заев денеска не се слушнал со бугарскиот премиер Бојко Борисов, но најави дека тој сам ќе го побара.
-Борисов не ми честиташе за наградата, и не се слушнавме денеска. Уште еднаш можам да потврдам дека разговорите продолжуваат. Јас ќе му се јавам деновиве. Продолжуваме со тимовите да наоѓаме решенија – рече Заев на ТВ 21.
Тој додаде дека Македонија нема никакви територијални ниту малцински претензии кон Бугарија.
-Република Северна Македонија и Северна Македонија се однесува на политички субјект, државата Република Северна Македонија нема никакви територијални ниту малцински претензии, како што и Бугарија нема кон нас територијални претензии – вели Заев.