Премиерот Зоран Заев, денеска пред новинарите рече дека на крајот на декември ќе биде одлучено кој ќе биде техничкиот премиер кој ќе го замени до предвремените парламентарни избори во април следната година.
– Техничкиот премиер ќе биде познат во декември, по консултациите во самиот СДСМ и со коалициските партнери. Доколку формираме нова Влада, јас ќе продолжам да бидам премиер, тоа е веќе познато, бидејќи јас ќе ја водам изборната кампања, рече премиерот Заев денеска во Бунарџик.
Toj го потврди ставот на поранешниот грчки вицепремиер Евангелос Венизелос дека реализацијата на Преспанскиот договор е врзано со интеграцијата на Македонија во ЕУ и дека внатрешната употреба на името, односно „Ерга Омнес“, зависи од тоа дали земјата ќе започне преговори со ЕУ.
– Продолжуваме со реализацијата на Преспанскиот договор. Не случајно стојат така поглавјата. Тоа знаи дека договорот е помеѓу двете земји, носи соработка, вградена е и ЕУ. Преку поглавјата се реализацира. Затоа тука е и гарантот на ЕУ, наведе Заев.