Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на отворањето на партискиот конгрес вечерва ја презентираше програма со која ќе настапат на претстојните избори. Програмата насловена „Можеме: уште повеќе, уште подобро“ предвидува целосна дигитализација на целата држава, нови 100.000 работни места и минимална плата од 18.000 денари.
-На толку остварени резулати, денес пред целата македонска јавност, со крената глава кажуваме можеме уште повеќе и уште подобро. Можеме, зашто знаеме и умееме. Затоа денеска ви ја претставуаме новата програма. Напред со уште поголем мотив и сила, за подобар живот на нашиот народ. Ова е понуда што овозможува уште поголем економски напредок, овозможува правда, ред и дисциплина. Зелена, еколошка, дигитализирани, иновативна држава што има да им понуди на своите млади. Секоја мерка е важна за нашата европска иднина, а уште поважна за нас. Равиваме држава со пристојна живеачка за сите. Плата од која останува за живот. Градиме нова дигитална инфраструктура. Време е за нова револуција, дигитална револуција. Шалтерите ги праќаме во историјата. Нашиот прв столб е економијата: 100.000 нови работни места и голем раст на сите плати. За четири години невработеноста ќе падне на осум отсто. Пензиите ќе пораснат 21 процент. Миналната плата ќе биде 18.000 денари, а просечната плата 36.000 денари, рече Заев.