Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од пред Судот порача дека сега на ред е судството и ги повика судиите и обвинителите да си преземат одговорност.
-Чекоревме денови и месеци за слободата и демократијата. И денеска имаме слобода и демократија. Сега правосудството е на потег, затоа сме вечер овде, чекориме за правда. Сите предмети ќе имаат правна разрешница. На обвинетите ќе им се суди врз основа на докази, за што индиции беа бомбите. Нема скриена амнестија за никого. Нашиот народ е желен за правда, за брза правда, за правична правда.
Ве уверувам нема веќе тевтерчиња, а тие што се виновни за старите тевтерчиња ќе одговараат.
Ние нашите ветувања ги исполнуваме, сега ред е ЕУ да ги исполни своите.
Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во областа на правната држава. Затоа решивме дека ни е потребно правосудство што ќе носи правда. Се што требаше да направат Владата и Собранието го направија. Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува и да нарачува пресуди. Затоа ли се боревме. Очекуваме разрешница на случаите. Таму каде има докази, очекуваме затворски казни. Таму каде што нема докази, тоа не е виновен.
Додека дишиме ќе се бориме за правда, како што се боревме за правда и демократија!
Бараме судската власт да се менува, ќе го бараме постојано се додека оваа држава и граѓаните не добијат правда, рече Заев.