Претседателот на Владата Зоран Заев ја предлага Лиле Делиџакова, сестра на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност, пренесува „Сведок“.
Во документ што е испратен од Владата и примен во Собранието на 2 мај оваа година, Владата бара Собранието да избере претседател и заменик на Комисијата кои ќе бидат професионално ангажирани и уште тројца членови кои ќе доѓаат на седници.
Комисијата за хартии од вредност е значајна институција за финансискиот пазар, а нејзе, според владиниот предлог со потпис на Заев, треба да ја води Нора Алити, екс пратеничка на ДУИ.
Во предлогот до Собранието не се доставени биографиите на потенцијалните членови на Комисијата за хартии од вредност.
Лиле Делиџакова и Нора Алити според предлогот ќе бидат професионално ангажирани во Комисијата, а останатите тројца предложени членови се: Зоран Колев, Кирил Јовановски, Душко Гошевски.