438
Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска упати честитка по повод Денот на полицијата – 7 мај, посочувајќи дека и денеска за време на посетата на папата Франциск на нашата земја полицијата покажува висока професионалност и целосна посветеност.
– И денеска, за време на посетата на Папата Франциск на нашата земја, полицијата покажува подготвеност, целосна посветеност и високата професионалност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи. Нашите полициски службеници на највисоко ниво ја организираат безбедноста и сигурноста на сите граѓани на Северна Македонија, како и на високите гости кои доаѓаат во посета, пишува премиерот Заев на својот Фејсбук профил.