Заев ја одложи оставката, доби овластување за преговори

by fokus

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставката се до стабилизирање на земјата, брифираат партиски извори за „Фокус“.

Ова значи дека ќе се оди на гласање доверба на Владата.

Еден од аргументите за одложување на оставката е можноста Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во декември.

Заев очекува дека земјава во декември ќе почне преговори поради силната меѓународна поддршка.

Исто така, СДСМ го овластува Заев да преговара за зголемување на парламентарното мнозинство.

В.С.

 

 

Поврзани новости