688
Сите ќе ја исполниме крајно одговорно обврската на денот на изборите, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој смета дека нема никаква опасност да се одржат изборите во нашата земја во време на пандемија.
„Изборите ќе бидат безбедни, граѓаните да излезат да гласаат, за да ги вратиме институциите! Сите имаме обврска, и истата ќе ја исполниме крајно одговорно.
Секој од нас ќе помине по 2-3 минути на гласачкото место. Како што одиме секој ден зашитени со маски во маркет, на пазар и се дезинфицираме во секој јавен објект – тогаш истото ќе го направиме на гласачкото место. Важно е за државата да има функционални институции, кои се неопходни за справување со вториот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата“, соопшти Заев.