484
Премиерот Зоран Заев вечерва рече дека не очекува претседателот Ѓорге Иванов да ги аболицира осудените од настаните во Собранието, на 27 април, кои поднесоа барања за помилување.
-Не очекувам аболиција од претседателот Иванов. Не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе, изјави Заев.